драјвер за фискалЕН ПРИНТЕР МЕРЛИН 15

#merlin15 #мерлин15 #driver #fiskalen #printer

Датум: 12.07.2022 час: 15:06.

ОПИС

Драјвер Viking Smetka за Фискални Принтери Мерлин 15.

Viking Smetka v2.1.0.0 Download

Потребно е .NET Framework 4.7.2 Download, и Windows 7, 8, 8.1, 10, 11 (x86 or x64)

Историја на верзии:

v.2.1.0.0 од 27.01.2023 г.

·         Промена на Инфо во мени со избор на команди.

·         Додадени две произволни линии со текст при печатење на сметки (објаснето подолу).

·         custom.txt подржува до 200 реда (линии) во една не-Фискална Сметка.

·         Нови и дополнети информации во Статус

·         Поправени многу ситни минорни грешки и пропусти.

·         Тргнат лимитот за користење на верзијата од една година, сега е без лимит т.е. не истекува.

v.2.0.5 од 12.07.2022 г. - истекува на 12.07.2023 г.

·         Додаден е параметар на командна линија CLEARME за бришење на сите влезни фалјови.

·         Додаден е уште еден Workaround за стари апликации.

·         Поправена е грешка кога има дадени пари поголеми од дозволените.

·         Поправени тајминзи кога се печатат извештаи.

v.2.0.4 од 10.06.2022 г. - истекува на 10.06.2023 г.

·         Информации за СИМ.

v.2.0.3 од 05.06.2022 г. - истекува на 05.06.2023 г.

·         Проверка на износи за плаќање.

·         Три Workarounds за стари апликации.

·         F5 - Подесување на Датум и Час (Менаџер).

v.2.0.2 од 21.05.2022 г. - истекува на 21.05.2023 г.

·         Поправка на грешки.

v.2.0.1 од 07.05.2022 г. - истекува на 07.05.2023 г.

·         Додадени Број на ФА и Број на ФМ во експорт на ДФИ

v.2.0.0 од 06.05.2022 г. - истекува на 06.05.2023 г.

·         Прва јавна верзија

ВАЖНО!

Ø  Фискалниот принтер Мерлин 15 има вграден виртуелен COM порт. Најновиот драјвер за Windows можете да го симнете ТУКА. Се инсталира така што се прави Update на драјверот кој што е веќе инсталиран од страна на Windows.

Ø  Потребен е кабел за  поврзување УСБ А-Б (се купува одделно) и еден слободен УСБ А порт на компјутерот.

Користењето на драјверот е исто како што беше до сега, со мали дополнувања.

Подржани оперативни системи и основни фолдери на инсталација за инсталација на Бензински Пумпи се следниве:

·         Windows 32-bit (сите верзии) - (се инсталира во "C:\Program Files\Viking Smetka")

·         Windows 64-bit (сите верзии) - (се инсталира во "C:\Program Files (x86)\Viking Smetka")

Овие локации се кога се инсталира драјверот за бензински пумпи, не е достапна опцијата на сторнирање на сметки.

Доколку при инсталација се избира POS во тој случај се инсталира POS верзија.

Подржани оперативни системи и основни фолдери на инсталација за инсталација на сите POS-ови се следниве:

·         Windows 32-bit (сите верзии) - (се инсталира во "C:\Program Files\Viking Smetka POS ")

·         Windows 64-bit (сите верзии) - (се инсталира во "C:\Program Files (x86)\Viking Smetka POS ")

После инсталација можно е да се префрли на друга локација или во друг фолдер.

Драјверот има два начина на користење.

1. Драјвер за печатење на фискални сметки и издавање на извештаи (кога постои влезен фајл)

·         smetka.txt - печатење на сметка (плаќање во готово или комбинирано плаќање).

·         storno.txt - печатење на сторно (сторнирање на плаќање во готово).

·         karticka.txt - печатење на сметка (плаќање со картичка).

·         check.txt - проверка дали е принтерот поврзан, вклучен и спремен.

·         pf500.in - печатење на сметки кај апликации кои што немаат можност да се надградат и примарно се направени да печатат сметки со fiscal32.exe.

·         stornoka.txt - печатење на сторно (сторнирање на плаќање со картичка).

·         kontrol.txt - печатење на Контролен Финансиски Извештај (КФИ).

·         dneven.txt - печатење на Дневен Финансиски извештај (ДФИ).

·         naplata.txt - печатење на Финансиски Извештај за Наплата (ФИН).

·         prosiren.txt - печатење на Проширен Контролен Финансиски Извештај (ПКФИ).

·         custom.txt - печатење на не-фискална Сметка или Извештај.

·         cashin.txt - за Службен Влез на Пари (СВП).

·         cashout.txt - за Службен Излез на Пари (СИП).

·         pibroj.txt - за печатење на Периодичен Финансиски Извештај според броеви.

·         pidatum.txt - за печатење на Периодичен Финансиски Извештај според датуми.

Пример фајлови можат да се симнат од следниов линк Primeri.zip

2. Менаџер на касата (кога не постои влезен фајл)

·         Дневен Финансиски Извештај (ДФИ)

·         Периодичен извештај (ПФИ)

·         Контролен извештај (КФИ)

·         Службен Влез на Пари (СВП)

·         Службен Излез на Пари (СИП)

·         Финансиски Извештај за Наплата (ФИН)

·         Проширен Контролен Финансиски Извештај (ПКФИ)

·         Промет - Читање на моментален промет.

·         Подесување на Датум и Час.

·         Статус - Проверка дали принтерот комуницира со компјутерот како и основни информации.

·         Конфигурација (CTRL+F12) - Избор на COM порт и други параметри.

УПАСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ

1. Драјвер за печатење на фискални сметки (кога постои влезен фајл)

Влезни фајлови и начин на користење на истите е исто како до сега со мали измени (компатибилни со постоечките програми за POS кои го користат Viking Smetka.exe).

Влезни фајлови за издавање на сметки

·         smetka.txt    (плаќање во готово или комбинирано плаќање)

·         storno.txt    (сторнирање на плаќање во готово)

·         karticka.txt  (плаќање со картичка)

·         stornoka.txt    (сторнирање на плаќање со картичка)

Максимално 200 артикли во една сметка.

Делимитер "#" (тараба) – не смее да се содржи во назив на артикал

Децимален симбол е "." (точка)

Прва позиција: Назив на артиклот (максимално 42 карактера Латиница или Кирилица со кодна страна Windows-1251, карактерот "#" не смее да се содржи во назив на артикал).

Втора позиција: количина (број без децимали или со една, две или три децимали).

Трета позиција: Даночна тарифа (A, B, C или D, латинични големи букви адекватно на 18%, 5%, 10% и 0% ДДВ).

Четврта позиција: Цена (број без децимали или со една или две децимали).

Петта Позиција: МКД производ (0 - не, 1 - да). Доколку се изостави ќе биде 0.

Шеста Позиција: Минерално Масло (0 - не) - секогаш е 0. Не се користи, тука е поради компатибилност.

Седма Позиција: Попуст (број без децимали) во цели денари, треба да е помал за најмалку еден денар од количината помножено со цената на артиклот.

Секој артикал е во свој ред во фајлот.

Пример редови со артикли:

Обичен странски артикал:

   ATR1#1#A#1

Обичен странски артикал ДДВ Б:

   Кока Кола#2#B#50.00

Обичен македонски артикал:

   Вива Портокал 1Л#1#A#55.00#1

Обичен македонски артикал ДДВ В:

   Леб Унилукс 600гр.#2#C#24#1

Странски артикал од 30 денари со попуст од 5 денари:

   КОКА КОЛА ЗЕРО ЛИМЕНКА  330 МЛ.#1#A#30#0#0#5

Странски артикал со количина од 3 децимали и цена со две децимали и ДДВ од 10%:

   Еуродизел БС#43.680#C#83.50#0#0#0

Македонски артикал со цена од 355 денари и со попуст од 35 денари:

   Вива Портокал 10Л#1.00#A#355.00#1#0#35

Влезниот фајл smetka.txt подржува и дадени пари за да се искаже износ за враќање на фискалната сметка за плаќање во готово.

На крајот од сите редови со артикли во smetka.txt се додава уште еден ред кој што содржи дадени пари.

Редот почнува со 5 знаци на "$" и износот на дадените пари.

Пример ред за дадени пари од 1000 денари:

$$$$$1000

Вредноста на дадените пари е цел број без децимали.

Пример содржина на smetka.txt со дадени пари.

Леб Унилукс 600гр.#2#B#24#1#0

$$$$$100

На сметката ќе се испечати дека се дадени 100 денари и износ за враќање од 52 денари.

Доколку наведената вредност на дадени пари е помала од вкупниот износ на сметката, фискалната сметка ќе биде без овој податок.

Влезниот фајл smetka.txt подржува и комбинирано плаќање во готово и со картичка.

На крајот од сите редови со артикли во smetka.txt се додаваат уште два реда кои што содржат дадени пари и износ наплатен на картичка.

Првиот ред почнува со 5 знаци на "$" и износот на дадените пари.

Вториот ред почнува со 5 знаци на "@" и износот на наплата на картичка.

Износот на картичка треба да биде поголем од 0 и да биде помал за еден денар од вкупниот износ на сметката, додека износот на готовина треба да биде поголем од 0, за да се направи сметка со комбинирано плаќање. Доколку не се задоволени условите за комбинирано плаќање, сметката ќе биде наплатена во готово без други информации.

Пример на комбинирано плаќање каде износот на сметка е 10000 денари со точен износ на наплата:

Прв ред

$$$$$1000

Втор ред

@@@@@9000

Вредноста на дадените пари и износот наплатен на картичка е цел број без децимали.

Пример содржина на сметка од 10000 денари со точен износ на наплата:

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$5000

   @@@@@5000

Пример содржина на сметка од 10000 денари со износ на враќање во готово од 1000 денари

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$5000

   @@@@@6000

Пример содржина на сметка од 10000 денари со износ на враќање во готово од 9 денари

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$10

   @@@@@9999

Пример за невалидно комбинирано плаќање од 10000 денари

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$0

   @@@@@10000

Пример за невалидно комбинирано плаќање од 10000 денари

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$100

   @@@@@10001

Пример за невалидно комбинирано плаќање од 10000 денари

   Еуродизел БС#10.00#A#1000.00#0#0

   $$$$$15000

   @@@@@0

Важно: Комбинираните плаќања секогаш се сторнираат во Готово.

Влезните фајлови подржуваат и две произволни линии кои што се печатат во фискалните сметки, се внесуваат една или две линии (редови) на крајот на фајлот после наведените износи за плаќање доколку ги има.

Редот почнува со 5 знаци на "^" и бројот на ред "1" или "2", а во продолжение произволен текст до 42 карактери.

Пример за две произволни линии со текст во фискална сметка

Прв ред

^^^^^1Касиер Петко Петкоски

Втор ред

^^^^^2Број на сметка 123456789

Пример цела сметка (smetka.txt)

Леб Унилукс 600гр.#2#B#24#1#0

$$$$$100

^^^^^1Касиер Петко Петкоски

^^^^^2Број на сметка 123456789

Начин на користење за печатење на фискални сметки

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Можни се три начини на проверка.

- Прв Начин: Преку mutex (Semaphore), се проверува дали има mutex со назив "Viking Smetka" без наводници. За ПОС верзија мутексот е "Viking Smetka POS"  без наводници.

Метода за проверка во C#. True ако работи т.е. принтерот е зафатен.

public static bool CheckFiscalPrinterRunning(string mutexName)

{

    Mutex myMutex = null;

    try

    {

        myMutex = new Mutex(true, mutexName);

        if (!myMutex.WaitOne(0, true))

        {

            myMutex.Dispose();

            return true;

        }

        else

        {

            myMutex.Dispose();

            return false;

        }

    }

    catch ()

    {

        myMutex.Dispose();

        return true;

    }

}

Користењето на методата за пос драјвер во C#.

bool isRunning = CheckFiscalPrinterRunning("Viking Smetka POS");

Ако е true тогаш работи и принтерот е зафатен.

- Втор начин: Се бара дали постои процес во процесите на Windows.

- Трет начин: Се проверува дали постои viking.txt во фолдерот каде што е Viking Smetka.exe.

Препорачлив и најдобар начин е првиот начин преку mutex, секогаш користете само еден начин на проверка.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира фајл во фолдерот на Viking Smetka.exe (smetka.txt, storno.txt, karticka.txt, stornoka.txt) и го полниш фајлот со артикли (редови). Секој артикал е во свој ред.

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

Пример метода за стартување која што враќа одговор од драјверот Exit Code во C#:

public static int ShellAndWait(string exeName, string argumentLine, bool waitForExit)

{

    Process newProc = Process.Start(exeName, argumentLine);

    if (waitForExit)

    {

        newProc.WaitForExit();

        return newProc.HasExited ? newProc.ExitCode : -1;

    }

    else

    {

        return 0;

    }

}

Начин на користење за POS верзија

int fsNum = ShellAndWait(@"C:\Viking Smetka POS\Viking Smetka.exe", "", true);

Променливата fsNum добива вредност на Exit Code кога ќе заврши процесот.

6. Проверуваш дали постои фајлот што бил генериран (smetka.txt, storno.txt, karticka.txt, stornoka.txt)

Ако постои го бришеш фајлoт и јавуваш грешка дека не е испечатена сметката, доколку непостои сметката е успешно испечатена.

Драјверот враќа Exit Code, што преставува повратна информација која што може да се користи.

При печатење на сметки Exit Code преставува број на фискална сметка или број на сторно сметка во тековниот ден, почнувајќи од 1, додека пак неуспешно испечатена фискална сметка или сторно сметка има вредност од -1.

 

Користење на фајлот check.txt

Фајлот check.txt се користи за проверка дали е касата поврзана, вклучена и спремна (има хартија)

check.txt - проверка дали е принтерот поврзан, вклучен и спремен.

- празен фајл (0 bytes)

Начин на користење

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира празен фајл check.txt во фолдерот на Viking Smetka.exe

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

6. Проверуваш дали постои фајлот што беше генериран.

Ако постои фајлот check.txt го бришеш и јавуваш грешка дека принтерот не е спремен, доколку не постои фајлот принтерот е спремен.

Exit Code за спремен принтер е 0, а кога не е спремен е -1.

 

Користење на фајлот kontrol.txt, dneven.txt, naplata.txt и prosiren.txt

Фајлот kontrol.txt се користи за печатење на Контролен Финансисти Извештај

- празен фајл (0 bytes)

Фајлот dneven.txt се користи за печатење на Дневен Финансиски Извештај

- празен фајл (0 bytes)

Фајлот naplata.txt се користи за печатење на Финансиски Извештај за Наплата

- празен фајл (0 bytes)

Напомена: Се препорачува печатење на Финансиски Извештај за Наплата пред печатење на Дневен Финансиски Извештај за да се добие точна информација според начинот на плаќање во готово и на картичка, со што ќе се олесни предавањето на парите од касата во тековниот ден.

Фајлот prosiren.txt се користи за печатење на Проширен Контролен Финансиски Извештај

- празен фајл (0 bytes)

Начин на користење

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира празен фајл во фолдерот на Viking Smetka.exe

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

6. Проверуваш дали постои фајлот што беше генериран.

Ако постои фајлот го бришеш и јавуваш грешка, доколку не постои фајлот, успешно е испечатен извештајот.

Exit Code за успешно испечатен извештај е 0, додека пак за неуспешно испечатен извештај е -1.

 

Користење на фајлот cashin.txt и cashout.txt

Фајлот cashin.txt се користи за Службен Влез на Пари, додека пак фајлот cashout.txt се користи за Службен Излез на Пари.

Содржината на фајлот е само еден ред со вредноста на пари што е цел број без децимали кој што преставува износ на пари кои што се внесуваат или изнесуваат од фискалниот принтер.

Пример Службен влез на пари од 3000 денари, фајл cashin.txt, содржина на фајлот:

   3000

Пример Службен излез на пари од 2500 денари, фајл cashout.txt, содржина на фајлот:

   2500

Начин на користење

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира фајл cashin.txt или cashout.txt во фолдерот на Viking Smetka.exe и се запишува во него вредност на пари, цел број без децимали.

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

6. Проверуваш дали постои фајлот што беше генериран.

Ако постои фајлот го бришеш и јавуваш грешка, доколку не постои фајлот, успешно е извршено службено внесување или изнесување на пари.

Exit Code за успешно е 0, додека пак за неуспешно е -1.

 

Користење на фајлот pibroj.txt и pidatum.txt

Фајлот pibroj.txt се користи за печатење на Периодичен Финансиски Извештај според броеви, додека пак фајлот pidatum.txt се користи за печатење на Периодичен Финансиски Извештај според датуми.

Содржината на фајлот е само еден ред со податоци поделени во три позиции поделени со делимитер "#".

-          pibroj.txt

Прва позиција: Цел број без децимали со почетен број на ДФИ.

Втора позиција:  Цел број без децимали со краен број на ДФИ.

Можни вредност се цели броеви од 1 до 1095.

Трета позиција: Цел број со вредност 0 или 1. (0 - Збирен Извештај, 1 - Детален Извештај).

Пример содржина на фајлот pibroj.txt за извештај од ДФИ број 1 до ДФИ број 5 збирно:

   1#5#0

Пример содржина на фајлот pibroj.txt за извештај од ДФИ број 2 до ДФИ број 3 детално:

   2#3#1

За издавање на извештај кој што преставува како копија од одреден ДФИ, првата и втората вредност имаат ист број.

Пример содржина на фајлот pibroj.txt за копија на ДФИ со број 7:

   7#7#0

-          pidatum.txt

Прва позиција: Почетен датум на извештај во формат yyyyMMdd.

Втора позиција:  Краен датум на извештај во формат yyyyMMdd.

Трета позиција: Цел број со вредност 0 или 1. (0 - Збирен Извештај, 1 - Детален Извештај).

Пример содржина на фајлот pidatum.txt за извештај од 01.01.2022 до 31.01.2022, збирно:

   20220101#20220131#0

Пример содржина на фајлот pidatum.txt за извештај од 07.03.2022 до 10.03.2022, детално:

   20220307#20220310#1

Пример содржина на фајлот pidatum.txt за извештај за цела 2022 година, збирно:

   20220101#20221231#0

Начин на користење

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира фајл pibroj.txt или pidatum.txt во фолдерот на Viking Smetka.exe и се запишува во него еден ред со податоци.

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

6. Проверуваш дали постои фајлот што беше генериран.

Ако постои фајлот го бришеш и јавуваш грешка, доколку не постои фајлот, успешно е извршено печатење на извештај.

Exit Code за успешно е 0, додека пак за неуспешно е -1.

 

Користење на фајлот custom.txt

Фајлот custom.txt се користи за печатење ма разни не фискални сметки, извештаи, купони, белешки, сметкопотврди, информации за лојални програми и слично.

Максимално 100 реда во една сметка, и максимално 44 карактери во еден ред.

Пример содржина на фајлот custom.txt за Извештај за броила:

             ИЗВЕШТАЈ НА БРОИЛА

Број:                                     18

--------------------------------------------

1-1 Екстрим Еуродизел БС                0.00

1-2 Екстрим Еуродизел БС                0.00

1-3 Еуросупер БС 95                     0.00

--------------------------------------------

ВКУПНО:                                 0.00

 

Материјална разлика:                    0.00

Начин на користење

1. Се проверува постоење на драјверот Viking Smetka.exe во основниот фолдер.

Ако не постои пријавуваш грешка пр. не е инсталиран драјвер.

2. Се проверува дали Viking Smetka.exe е активен т.е. работи.

Ако е активна пријавуваш грешка пр. принтерот е зафатен обидете се повторно.

3. Се проверува дали постои фајл во фолдерот (сите влезни фајлови).

Ако постои пријавуваш грешка принтерот е зафатен обидете се повторно.

4. Се генерира фајл custom.txt во фолдерот на Viking Smetka.exe и се полни со редови кои што треба да се печатат.

5. Се покренува Viking Smetka.exe и се чека процесот да заврши.

6. Проверуваш дали постои фајлот што беше генериран.

Ако постои фајлот го бришеш и јавуваш грешка, доколку не постои фајлот, успешно е испечатен извештајот.

Exit Code за успешно испечатен извештај е 0, додека пак за неуспешно испечатен извештај е -1.

 

Експорт на Дневен Финансиски Извештај во фајл DFIyyyyMMddHHmmssfff.dat

Експорт на ДФИ (Дневен Финансиски Извештај).

Фајлот има назив кој што почнува со DFI и во продолжение датум и час на генерирање на фајлот во формат yyyyMMddHHmmssfff и на крајот екстензија .dat и се експортира во основен фолдер "C:\EXPORT".

Фајлот содржи еден ред со податоци од ДФИ разделени со делимитер "," додека пак децимален симбол на вредностите е точка ".".

Редоследот на податоците во фајлот се исти со редоследот на ДФИ од горе па надолу, со изоставени 4 реда од ДФИ и тоа, ВКУПНО ФИСКАЛНИ СМЕТКИ, ВКУПНО СТОРНО СМЕТКИ, БРОЈ РЕСЕТ и ВКУПЕН БРОЈ РЕСЕТ.

Последни 4 податоци се:

Број на ДФИ (Дневен Финансиски Извештај).

Датум и Час на ДФИ во формат yyyyMMddHHmmss

Број на Фискален Апарат во формат МЕ490XXXXXX

Број на Фискална Меморија во формат МЕ490XXXXXX

Пример ред во фајлот DFIyyyyMMddHHmmssfff.dat за ДФИ Број: 44

100.00,1.53,0.95,2.73,0.00,5.21,101.00,11.00,20.00,30.00,40.00,5.36,1.68,0.95,2.73,0.00,2,2,100.00,1.53,0.95,2.73,0.00,5.21,101.00,5.36,1.68,0.95,2.73,0.00,44,20150101000000,МЕ490000001,МЕ490000001

Начин на користење

Фајлот се генерира автоматски после изваден ДФИ и тоа само доколку е активирана опцијата за експорт на ДФИ со внесување на фолдер за експорт.

 

2. Менаџер на касата (кога не постои влезен фајл)

·         Дневен Финансиски Извештај

·         Периодичен Финансиски Извештај

·         Контролен Финансиски Извештај

·         Службен Влез и Излез на Пари

·         Финансиски Извештај за Наплата

·         Проширен Контролен Финансиски Извештај

·         Промет - Контролен извештај без печатење

·         Подесување на Датум и Час

·         Статус - Проверка дали касата комуницира со компјутерот и основни информации

·         Мени со Конфигурација за избор на ком порт (RS232) и други важни команди.

Драјверот може слободно да се симне и инсталира.

Во просториите на Гигабел-Компјутерс може во секое време да се дојде и да се тестира на демо фискален принтер.

Испратете меил на gigabel.computers@gmail.com за да се договориме.

За дополнителни информации ви стоиме на располагање.

ПРОБЛЕМИ СО ДРАЈВЕРОТ

Доколку ви се случи драјверот да има чудни натписи кога се користи како менаџер, поставете го во Control Panel - Region and Language на Administrative, Language for Non-Unicode programs на Macedonian

Non-unicode.png